3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Времето се менува: Снег вее во Македонија – кога да очекуваме стабилизација?

Под влијание на продор на студена воздушна маса денес попладне врнежите ќе преминат во снег и на повеќето пониски места, но ќе слабеат по интензитет.

Во западните делови мала снежна покривка ќе се формира и на пониските места. Попладне и кон крајот на денот, како и утре ќе дува силен северен ветер, што ќе услови нагло опаѓање на температурата.

Во четврток ќе настапи преодна стабилизација на времето, но ќе се задржи студено, особено во утринските часови. Од петок следува период на променливо облачно и потопло време со нови врнежи од дожд, а на планините од снег.

Прогноза за 28.01.2021
Минимална температура: -10°C до -2°C
Максимална температура: 0°C до 8°C
Сончево со мала до умерена облачност и студено. Ќе дува слаб, вдолж Повардарието умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 29.01.2021
Минимална температура: -9 до -2°C
Максимална температура: 4°C до 10°C
Променливо облачно со умерен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.

Прогноза за 30.01.2021
Минимална температура: -5°C до 2°C
Максимална температура: 7°C до 14°C
Променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со локални врнежи од дожд.

Спонзорирано: