„Ваква структурна реформа сме немале. Имало претходно концепции и обиди, но и наставниците признаваат дека никогаш не се опфатил целиот систем, а сега го опфаќаме, интегрираме предмети, ги интегрираме целите, почнуваме во две одделенија за да го спремиме системот да ги апсорбира овие реформи. Претходно и во овој поглед се правеле грешки, имало некакви реформи, но не знаеле како да се спроведат за да дадат резултати. Она што е најважно е дека ќе преминеме од фактографско учење кон учење со разбирање, ќе имаме автономија на наставниците согласно контекстот во кој предаваат и можност да ја адаптираат својата програма врз потребите на учениците. Во моментов целиот систем е погрешно поставен. За прв пат ќе се даде можност ученикот да избира предмети, личните негови потенцијални ќе излезат на површина, не може сите деца да имаат исти предмети, некои да, но не сите предмети. Тој мора да учи согласно неговите афинетети и дарби кои ги има.“- истакна министерката за образование, Мила Царовска, во интевјуто на телевизија Клан, зборувајќи за предностите на новиот образовен концепт.
Дополни дека постојано пристигнуваат сугестии од наставниците што да се реформира и со тоа помагаат во креирањето на новата наставна програма. Забележе дека никој во образовниот процес не е против замислените реформи и дека секој чинител учевствува во реформирањето на образованието, процес кој требало да започне многу одамна.
Во голем дел од коментарите се гледа старавот кај наставниците од промени, особено се исплашени за работните места, но тие стравови полека се надминуваат, кога ќе се ослободат и ќе имаат автономија, кога самите ќе креираат програма ќе им олесни. Кога ќе видат дека министерството е на нивна страна и дека ќе се воведе систем на кариера се ќе биде поинаку.“- изјави министерката Царовска.