10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Царовска: Да ги вратиме достоинството и вредноста на учителите и да ја прекинеме „петкоманијата“

„Иако во последните години ги покачивме платите на наставниците, кои и во иднина ќе растат, сепак достинството не им е вратено. Таа вредност на наставникот како централна позиција во општеството е изгубена. Ние тоа сакаме да го вратиме, да им дадеме систем на кариера, автономија при креирање наставна програма, за да ги создаваат идните млади генерации. Ако имате наставник со компетенции, со вредносни квалификации, вие и да немате доволно соодветни услови за учење, сепак од таквиот наставник ќе научите. Знаете дека сега еден наставник цел работен век е само наставник, и тоа практично ја убива нивната желба за напредување, сега ќе имаме систем со ментори- наставници, повисока категорија за да ги мотивираме.“- изјави Мила Царовска, министерка за образование, во интервјуто за телевизија Клан.

Изрази уверување дека наставниците во иднина нема да имаат потреба, заради платите, да работат втора работа која нема врска со просветната, како што сега има примери.

„Во ниту една развиена држава училиштето не се затвора во 12 часот на пладне како кај нас. Мораме да научиме дека целиот животен опус се стекнува во училиште. Формално учениците да имаат 4 часа настава, но минимум престојот да биде шест часа, тоа е време за изборните предмети и активности надвор од наставата. Такви училишта и такви наставници ни требаат, посветени, одговорни и автономни. Секоја професија има одредена вредност и платите мора да растат во сите сектори, да им го подигнеме стандардот е важно, но клучно е да ја вратиме нивната вредност и достоинството. Оценките да ги креираат самите, а не со јавувања и врски. Сега сите ученици имаат петки, а не знаат сите еднакво. Не знаат наставниците да креираат вистински оценки и тоа ги вознемирува. Постојано нагласуваат на средбите -ослободете не од „петкоманијата“- пренесе Царовска дел од коментарите на наставниците, кои, според неа, се подготвени за новиот образовен систем.

Спонзорирано: