Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Студ со температури до -13 степени и снег – Метеоцентар со детална прогноза за следните неколку дена

Поради продор на студена воздушна маса од север следува период на многу студено време. Денес попладне и во вечерните часови ќе има нови врнежи од снег, позастапени и пообилни во западните делови. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а во западните делови позначително ќе се зголеми.

Прогноза за 16.01.2021
Минимална температура: -8°C до -1°C
Максимална температура: -5°C до 3°C
Променливо облачно и студено со умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. На места ќе провејува снег.

Прогноза за 17.01.2021
Минимална температура: -12°C до -4°C
Максимална температура: -8°C до 2°C
Сончево со умерена облачност и многу студено. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Прогноза за 18.01.2021
Минимална температура: -13°C до -6°C
Максимална температура: -8°C до 3°C
Сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието.

Можеби ќе ве интересира

Убиство ја потресе Македонија: Пронајдено безживотно тело на маж со прострелна рана од огнено оружје

ДЕСК

ЛИЦА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ ВО КАРПОШ ПРИ КОНТРОЛА НА НОЌНИ КЛУБОВИ: Жестока реакција на Независниот синдикат на полицијата

ДЕСК

Полицијата упадна во повеќе кафичи и казина во Карпош – Има приведени и уапсени

ДЕСК