Освен пандемијата, 2020 година ја одбележа и инфодемијата во светот. Во нашата земја, не мораше да избие епидемија од КОВИД-19, за дезинформациските кампањи да беснеат со несмалено темпо. Напротив, епидемијата и страдањата на луѓето во борбата со смртоносниот вирус, беше само уште една алатка во рацете на пропагандните центри за ширење паника, страв, недоверба, поделби и омраза, со цел да се прибере некој политички поен повеќе, да се оддалечи Северна Македонија што е можно повеќе од националните стратешки интереси и европската иднина, анализира Фронт лајн.
Да се направи топ листа на лажните вести и дезинформации во 2020 година е многу тешко, бидејќи конкуренцијата е голема. Експертите бележат дека лажните вести се грижливо креирани, а нивната дистрибуција во јавноста е оркестрирана и добро осмислена.
На топ 10 листата од лажни вести и дезинформации кои се лансираа во македонската јавност во 2020 година, секако е онаа за „имотот“ на премиерот Заев на Халкидики. Сепак, се работи за рециклирана вест. Во 2018 година порталите блиски до ВМРО-ДПМНЕ објавија фотографии од една трикатна куќа во Грција за која лажно се тврдеше дека е на Зоран Заев. Лагата брзо се откри, а откако се подзаборави оваа скандалозна лага, време беше да се смисли уште поголема лага. На истата тема. Кој стои зад лажните вести во оваа кампања?
повеќе на Фронтлајн
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...