Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Пронајдени пет лица мигранти од Египет, лишен од слобода криумчарот

На 23.03.2026 во 23:30 часот на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, кај место викано „Острово“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишија од слобода Б.Е.(29) од Република Турција. Претходно, при преземање мерки, кај клучка Тремник, полициските службеници забележале дека од возилото „шкода камик“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, излегле неколку лица.

Набргу, возилото е запрено, Б.Е. е лишен од слобода, а по пребарување на теренот биле пронајдени пет лица мигранти од Египет. Лицето е задржано во полициска станица, а мигрантите се пренесени Прифатно-транзитен центар Винојуг во Гевгелија.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ОД ВТОРНИК СЛЕДУВА ЗАТОПЛУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Температурите ќе достигнат до 19 степени, но се најавуваат магла, дожд и силен ветер

ДЕСК

ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ – Во едно деноноќие пријавени демнење, закани и напади

ДЕСК

ОД УТРЕ ПОВТОРНО ДОЖД – Промена на времето, на планините можен слаб снег

ДЕСК