Centar.mk
илустративна фотографија генерирана со вештачка интилегенција за потребите на Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трагедија на патот кај село Клечовце – излета тико, едно лице почина, друго е повредено

На 22.03.2026 околу 17:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат село Клечовце- село Шупљи Камен, на место викано „Кантон“, патничко моторно возило „даеву тико“ со кумановски регистарски, управувано од М.Д.(64) од Куманово, излетало од патот. Притоа, лекар од Итна медицинска помош кај возачот М.Д. констатирал смрт, додека кај сопатничката Л.Д.(57) биле констатирани телесни повреди во Општа болница Куманово. Според изјавата на сопатничката , на М.Д. му се слошило и изгубил свест пред да се случи несреќата.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Увид извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Мицкоски го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ во Охрид

ДЕСК

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата – граѓаните живеат полошо

ДЕСК

Замина Мартин Треневски: Човекот што остави белег во новинарството, дипломатијата и државните институции

ДЕСК