12. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОИЗБОР

За една недела отсранети 86 возила од јавните површини

Во текот на изминатата недела (31.12.2020 – 07.01.2021 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 86 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 14 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 72 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 173 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 14 возилo се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Утре ве чекаме на Кеј на детска атлетика со Кокан

ДЕСК

Валбон Лимани додели признанија на учениците од Летното училиште 2025

ДЕСК

Минатата недела санкционирани се 100 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар

ДЕСК