Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен сопственик на угостителски објект во гостиварско

На 07.01.2021 околу 21.00 часот во село Градец, гостиварско, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Б.А.(35) од село Градец, сопственик на угостителски објект кој работел по дозволеното време и во кој престојувале 20 гости.

Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосното документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Можеби ќе ве интересира

Коњановски: Студентската картичка преку М-услуги ќе им овозможи на студентите 20% попуст на услугите во текот на целата година

ДЕСК

Штерјова: Нов удар на Мицкоски врз граѓаните – поскапо парно за 20%, следува и поскапа струја

ДЕСК

Поповиќ: Под притисок на власта Уставен суд го укина колективниот договор – преседан против 2.000 работници во култура

ДЕСК