Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски на брза трака може да врати само режим и газење на медиумите, тој е изворот на фалични вести, затоа граѓаните шест пати го казнуваат на избори

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на брза трака можат да ја вратат државата само назад во режим, во изолација и масовно газење врз човековите права и слободи и врз медиумите, велат од СДСМ.

– Граѓаните одамна знаат дека тој е изворот на фалични вести и затоа шест пати го поразуваат на изборни соочувања.

Мицкоски се противи на тврдењето дека нема веќе нарачани вести во медиумите. И веројатно единствено за тоа е во право, ако се земе предвид дека се уште постојат неколку неслободни медиуми кај што Мицкоски нарачува вести. Но, ветуваме, Владата предводена од СДСМ ќе направи сѐ што е во нејзина надлежност, слободата да дојде и кај нив.

Лицемерно, неодговорно и несериозно е Мицкоски да зборува за евроинтеграции и слободи кога правеше сѐ за да ги закочи реформите важни за напредокот на државата, кога беше единствениот кој не се израдува и не честита за влезот на Северна Македонија во НАТО.

Заради таквиот однос кон државата и граѓаните тој е во опозиција и уште долго ќе остане таму, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +