Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Во Скопје санкционирани 151 возач

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 151 мерка, од кои 13 за управување со брзина поголема од дозволената, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 15 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 5 санкции за управување под дејство на алкохол, 8 за користење мобилен телефон и 2 мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +