6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Конкурсот за наградата „Роман на годината“ трае до 15 јануари

Конкурсот за наградата „Роман на годината“, што го доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, трае до 15 јануари.

Според конкурсот, право на учество имаат романите што првпат се објавени на македонски јазик во 2020 година. Кандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот, што не се враќаат, во читалницата „Славко Јаневски“ во Скопје (ул. Димитрие Чуповски бр. 23/1-1) или по пошта, на адресата на Фондацијата, бул. Кузман Јосифовски – Питу 19/6-40, Скопје.

Доколку бидат испратени по препорачана пошта, ќе бидат прифатени оние романи што благовремено ќе бидат доставени со дата на печатот заклучно со 15 јануари 2021 година. Пожелно е и доставување романи во електронска верзија на адресата: romannagodinata@gmail.com.

Наградата „Роман на годината“ се состои од паричен износ од 150.000 денари, статуетка и плакета. Одлуката за добитникот на наградата петчлената жири-комисија е обврзана да ја донесе најдоцна до 15 март 2021 година, а следниот работен ден да ја објави на прес-конференција. Наградата „Роман на годината“, која беше заштитен знак на згаснатиот „Утрински весник“, ќе биде доделена 22 пат.

„Песот со тажен поглед“ на писателката Оливера Николова е лауреатот на „Роман на годината“ за 2019 година, а Николова е и првата од досегашните добитници што оваа награда ја доби вторпат по наградата за романот „Куклите на Росица“ објавен во 2004 година.

Спонзорирано: