3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Студ, дожд и снег низ Македонија – Meteocentar со детална прогноза за следните неколку дена

Во следните неколку денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места пообилни.

На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се зголеми снежната покривка, а повремено врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места.

Проследете ја деталната прогноза за следните неколку дена:

Прогноза за 07.01.2021
Минимална температура: 1°C до 5°C
Максимална температура: 6°C до 13°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, особено во текот на ноќта, каде повремено и на некои повисоки места ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Прогноза за 08.01.2021
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 7°C до 13°C
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Прогноза за 09.01.2021
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 5°C до 11°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Спонзорирано: