26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Новогодишна честитка од еден осомничен за јавен обвинител

Новата година секогаш можност да се сумираат резултатите и да се оценува досега сработеното, но и да се прават планови за периодот што е пред нас.

Во годината што измина Јавното обвинителство постапуваше против повеќе од 25.000 полнолетни сторители на кривични дела. Со оглед на тоа што согласно Законот за кривична постапка, основно право и должност на јавниот обвинител е да ги гони сторителите на кривични дела за кои гонењето се презема по службена должност, во јавноста често е присутна перцепцијата дека постои конфликт меѓу обвинителот и осомничениот, односно дека тие се на спротивставени страни.

Но, во реалноста, јавниот обвинител е на страната за законот, неговата улога е да го штити општеството од криминалот и превентивно да делува во насока на спречување на идни кривични дела. Оваа улога на јавниот обвинител многу често ја разбираат и осомничените, кои понекогаш самите признаваат дека сториле кривично дело и се подготвени да ја сносат санкцијата што ќе им биде определена низ една законита постапка.

За еден таков случај потврда е и новогодишната честитка која деновиве пристигна до еден обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, а ја испрати осомничен сторител на кривично дело. Дел од текстот објавуваме, се разбира со дозвола од испраќачот и со заштита на неговиот идентитет: