Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Спасовски: Приведени се седуммина за изработка на лажни тестови за ковид

„Викендов активно работевме и во делот на детекција, откриена е една организирана криминална група која продавала фалсификувани ковид тестови. Овие активности ги спроведовме заедно со Агенцијата за национална безбедност и при тоа извршени се претреси на 11 локации и приведени се седум лица кои изработувале вакви тестови со намера да ги продаваат на македонски граѓани за да можат да патуваат надвор од земјата:“- изјави министерот Оливер Спасовски, во Утрински брифинг.

Дополни дека ваквите активности со фалсифкување на тестовите го нарушуваат меѓународниот имиџ на Северна Македонија, но дека полицијата ќе продолжи со откривање и на други групи кои ќе започнат со издавање лажни тестови.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +

ВМРО вели дека граѓаните станале милионери по намалувањето на ДДВ на горивата, возвратија од СДСМ

ДЕСК