14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Кога половина население верува во теории на заговор, тогаш неопходна е кампања за едукација за вакцините

Ако ја следиме анкетата на Советодавната група за јавна политика „Балкан во Европа” (БИПАГ) објавена деновиве тогаш повеќе од половина од населението во Северна Македонија нема да се вакцинира. Така одговориле граѓаните на прашањата во анкетата. Сите оние кои одговориле дека нема да учевствуваат во имунизацијата веруваат во теории на заговор, што од една страна е загрижувачки затоа што тоа го покажува степенот на свесност кај луѓето, а од друга, затоа што толку висок процент на граѓани кои не сакаат да се вакцинираат е сериозна закана да немаме успешна имунизација, за која, според лекарските и стручните препораки за да биде успешна неопходно е вакцината да ја примат околу 70 отсто. Ако реалната ситуација на терен се соочи со овие бројки тогаш имаме сериозен проблем, кој секако мора да се надмине со стратегија, информирање, едукација и јавно издигнување на прашањето во приоритетно. – пренесува порталот Нова ТВ.

За да може Владата да ја спроведе таквата едукација на населението, за потоа да може со сигурност да очекува дека барем 70 отсто од населението ќе се вакцинира, и е неопходна помош од сите важни чинители на општествениот живот. Сепак станува збор за вакцина, што самото по себе е сериозно, па оттаму може и треба да се има разбирање за одговорите на анкетираните граѓани, дека не веруваат во вакцините, затоа што на пример, многу брзо биле создадени, нецела година од стартот на пандемијата. Таквите негативни одговори на македонските граѓани се должат и на недоволна информираност и незнаење, па затоа, со континуирана кампања во медиумите, во јавните настапи, со измислена целокупна стратегија за едукација, Владата ќе мора да вложи напори да го смени мислењето на половина од населението. Сега доаѓаме до моментот како Владата да организира кампања, особено медиумска, ако законот и го забранува тоа, како масовно да се информира населението ако тоа не е преку бројните медиуми, како ќе стигне информацијата за безбедна вакцина и неопходна имунизација го последниот граѓанин.

Тука практично доаѓаме до моментот дали е подобро да се смени законот, државата да спроведе медиумска кампања за правилно информирање на граѓаните, а таа кампања да резултира со доволен број вакцинирани граѓани и после неколку месеци државата да објави дека сме имунизирани или пак е подобро законот да остане каков што е, со строга одредба, при тоа без јасна дистинкција што е владино рекламирање, а што јавен интерес, и државата да нема начин како да го едуцира населението. И на крај, ако имунизацијата не успее кој ќе биде виновен? Секако дека Владата. А зошто? Затоа што немала соодветна едукација на граѓаните за да вложи напор да го смени ставот кај дел од скептиците.

Спонзорирано: