Поранешниот амбасадор на земјава во Унгарија во периодот 2014-2018-та година и поранешен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Есмеров, во интервју за Бриф.мк вели дека опозициската партија ги „преспала“ сите важни процеси на меѓународен план и се уште нема конкретен став по овие прашања. Тој бара партијата да организира вонреден конгрес за да се смени лидерот Христијан Мицкоски.
Лидерот на партијата Хритијан Мицкоски во неколку наврати и покрај неуспехот на ВМРО ДПМНЕ на изборите не сака да си даде оставка. Зошто Мицкоски треба да си даде оставка?
Есмеров: Mицкоски треба да си даде оставка затоа што во шест изборни циклуси бројот на победи е нула. Едноставен е одговорот. Доколку во шест обида не успеете да победите, логично е да си поднесете оставка.
По толку многу последователни порази логично е да се каже дека ВМРО ДПМНЕ некаде греши. Што мислите, каде ВМРО ДПМНЕ постојано греши?
Есмеров: Грешка беше што партијата го бојкотираше референдумското изјаснување и не се спротивстави по тоа прашање. На краток рок, делуваше дека ќе има позитивен ефект врз гласачите, но на изборите изгубивме. За овие 4 години партијата ги преспа сите важни процеси на меѓународен план и се уште нема конкретен став по овие прашања. Отсуствува и соодветна критика на грешките на СДСМ во економија, здравство, образование итн.
Следуваат нови избори. Што би требало да биде фокус на партијата, доколку сака да дојде на власт?
Есмеров: Фокус на ВМРО ДПМНЕ мора да биде подобрата понуда на соодветни политики. Критиката, без соодветна програмска понуда не носи нови гласачи.
целото интервју прочитајте го на следниот линк.
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...