24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Царовска: Самите наставници бараат да се вратиме кон личниот развој на учениците

„Наставниците се тие коишто знаат најдобро што му треба на системот. Вредностите кои со години се запоставуваа да ги вратиме назад. Ако ученикот не може дома, во семејството да стекне вештини и знаењё тоа да може да го стекне во училиштето. Сега само побогатите родители може да платат дополнителни активности на ученикот надвор од училиштето, а сега со реформите во самото училиште ќе има процес на социјализација и дополнителни часови. Самите наставници бараат да се врати воспитанието како процес, личниот развој на ученикот да биде приоритет, преку избор на материјали и наставни програми, а ние го правиме токму тоа.“- констатираше Мила Царовска, министерка за образование, на конференцијата на УНИЦЕФ и Finance Think.

Нагласи дека реформата ја спроведуваат прогресивните сили во државата наспроти ретроградните кои со лажни вести ја напаѓаат реформата и кои сакаат нашата држава да заостанува во се.

„ Со новата реформа во образованието наставниците ќе мора да стекнат одредени вештини со кои потоа ќе ги едуцираат учениците. Неопходно е да имаме наставна програма со која ќе ги научиме децата да носат одлуки, да препознаваат лажни вести, да знаат што е вистина, а што не е… Самата реформа во образованието беше пречекана со лажни вести, има ретроградни структури кои не сакаат реформи, туку сакаат нашата држава да биде последна. Но, за среќа, имаме прогресивни сили кои сакаат децата да ги учат на мултикултурализам, да знаат критички да размислуваат, да бидат свои… Знаете, за пет до 10 години ќе има такви нови работни места кои од сега не можеме ни да ги замислиме и затоа ни е неопходна подготовка на такви кадри.“- истакна министерката за образование, Мила Царовска.