20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈАИЗБОР

Во Италија октриена најголемата финансиска сајбер-кражба

Италијанската финансиска полиција го откри авторот на досега најголемиот грабеж во сферата на сајбер-финансиите, односно берзата на која се разменува криптовалута наречена биткон, пренесува агенцијата „Аги“.

Станува збор за 34-годишен маж од Фиренца, кој како сопственик на овластена компанија за промена на криптовалута оштетил штедачи од целиот свет за 120 милиони евра.

Тој исто така им овозможил и на други хакери преку информатичката платформа „Битгрејл“ да пренасочат пари од штедачите на нивни сметки. На тој начин оштетиле вкупно 230.000 сопственици на криптовалути од целиот свет.

Операцијата е успешно завршена благодарение на соработката на италијанската полиција и Интерпол.

Спонзорирано: