10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото aerodrom.gov.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Коневски за „Канал77“ : По толку изборни порази, Христијан Мицкоски мора да даде отчет на вонреден Конрес пред луѓето кои му дадоа доверба во Валандово

Чесно е Христијан Мицкоски конечно да свика вонреден Конгрес на кои ќе ги погледне во очи луѓето кои пред три години му ја дадоа довербата да стане претседател на ВМРО-ДПМНЕ и да даде отчет за сработеното.

Ова го изјави поранешниот градоначалник на Општина Аеродром Ивица Коневски во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на радио „Канал77“. Тој е дел од Иницијативниот одбор за свикување вонреден Конрес во ВМРО-ДПМНЕ.

Коневски посочи дека Иницијативниот одбор има единствена цел, а тоа е да ги натера Мицкоски и актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да се соочат со делегатите на партијата, кои сепак ќе го имаат крајниот збор за тоа кој ќе застане на чело на најголемата опозициска партија во земјава.

„После сите премрежија изминатите три години низ кои помина новото раководство, оние порази кои ги доживеа и на локални и на претседателски избори и порази на последните парламентарни избори, мислам дека членовите кои го бираа претседателот Мицкоски заслужија тој да даде отчет пред нив, затоа што сепак мислам дека тие се најзаслужни за тоа што тој е претседател на партијата и согласно статутот Конгресот е највисок орган на партијата. Тој треба да даде образложение за сите оние изборни резултати кои што ги имавме во овие изборни циклуси“, изјави Коневски.

Тој додаде дека „Иницијативниот одбор искрено верува дека дека може да дојде до вонреден Конгрес. Има и доволно време да преовладее разумот кај актуелното раководство. Мислам дека нивните функции не треба да бидат поважни од успехот на партијата. Во секоја демократска партија, во секоја демократска држава, после толку изборни порази се дава отчет пред Конгресот кој е највисок орган на партијата и се дискутира за изборните порази“.

„Иницијативниот одбор не дискутира и не зазема ставови по други политички теми, а во однос на обвинувањата дека со нашето дејствување му помагаме на премиерот Зораз Заев, можам да кажам дека единствен кој ја одржува неговата Влада на чело на државата е Христијан Мицкоски. Тој не може да ја предводи опозицијата, а тоа го покажаа и последните протести. Членството не го поддржува и нема намера да излегува на протести. Тој нема кредибилитет ниту кај неопределените граѓани, ниту кај членовите на партијата. Тоа може да се види по сите анкети. Ако партијата има одреден рејтинг, тој има 3 до 4 пати понизок рејтинг од самата партија, а дупло понизок рејтинг од Зоран Заев“, изјави Коневски.ж

„Не може таков човек да ја предводи опозицијата и да ја победи оваа власт“, заклучи Коневски во своето гостување во емисијата „Стадион“.

Спонзорирано: