„Не се само овие три земји, Австрија, Чешка и Словачка, има и други земји кои се на вакво стојалиште, но ете само овие три беа гласни во презентирање на ставот. Ставот на овие три држави околу погрешната интерпретација на историјата праќа порака во смисла, сите кои сме учеле историја знаеме дека Европа има испреплетена историја и тешко е да се дефинира што е што, и дека погрешната интерпетација може да создаде проблеми и во самата ЕУ, па покрај проблеми со буџетот, Ковид, Брегзит, да имаат потреба од отворање на други големи прашања, па пораката е дека толкувањето на историјата да се остави на историчарите, а политичарите да ја интерперитраат сегташноста и да создаваат иднина.“ – изјави Едмонд Адеми, советник на премиерот за надворешна политика, во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21, зборувајќи за денешната одлука на три членки во Европската Унија да застанат на страната на Северна Македонија со тврдење дека на ЕУ премногу и попушта на Бугарија.
Дополни дека не би посочил друго име, од друга држава која го има истиот став како посочените три држави, но посочи дека е јасно оти сите членки на ЕУ се на наша страна.
„Не би посочувал никого со име, еве овие три кои настапија јавно се доволни. Кога сите држави беа за усвојување на преговарачката рамка, само една држава беше против. Имаше серија на чекори кои се случуваа и стартот на преговорите требаше да биде круна на сето она што беше направено во изминатиот период.“- рече Адеми.