Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Дилер фатен со марихуана во близина на основно училиште во Скопје

Скопското основно јавно обвинителство ќе спроведе истрага против 41-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

На 14 декември во попладневните часови, во близина на основно училиште во Шуто Оризари, осомничениот неовластено заради продажба држел 91,05 грама марихуана.

Дрогата, спакувана во бела најлонска кеса, му била пронајдена и одземена при личен преглед.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување притвор за осомничениот.​

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА: Утре дожд и силен ветер, а од петок нова промена на времето – детална четиридневна прогноза

ДЕСК

СЕ ВРАЌА ПОСТУДЕНОТО ВРЕМЕ – Утре ветер над 60 километри на час, можен снег на повисоките планини

ДЕСК

Отворени Деновите на медиумска писменост 2026

ДЕСК