Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Николовски: Граѓаните застанаа зад политиките на СДСМ, довербата расте и од македонскиот Исток!

Видео обраќање на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски

Почитувани граѓани,

Сакам и на овој начин, директно да ви обратам и да ви се заблагодарам на силната поддршка и довербата којашто ја давате на СДСМ, на нашите политики.

Граѓаните на Штип, на фер и демократски избори, безбедни за здравјето, покажаа одговорност, демократска свест и силно граѓанско чувство за напредокот на својот град.

Доктор Сашко Николов е нов градоначлник на Штип. Срцето на македонскиот Исток останува во сигурни раце.

Граѓаните испратија силна порака и покажаа голема доверба во институциите предводени од СДСМ.

Дури и во услови на пандемија имаме државен капацитет да се одржат демократски избори, целосно безбедни за здравјето на граѓаните.

Верификувани се политиките на СДСМ, чесната понуда со доктор Николов е препознаена.

Од друга страна, народот ги порази сите бојкоти, лаги и хистерии на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Не сака народот кочење, не сака блокади.

Овие избори во Штип потврдија: на македонскиот Исток расте довебата во СДСМ!

СДСМ освои повеќе гласови во однос на парламентарните избори, сега речиси 12.000 гласови.

Граѓаните застанаа зад одлучните, државнички политики на СДСМ. Имаат доверба во новиот, динамичен, модерен, правичен СДСМ, кој носи промени и постојано се менува.

Ова значи потврда на државните политики, на локалните политики но и потврда за востпоставениот мерит систем во СДСМ.

Политиките на СДСМ, со проекти, капитални инвестиции, грижата за граѓаните, направија пресврт во Истокот на државата, кој е веќе бастион на социјалдемократијата.

Оваа дадена доверба ни значи многу и ве уверувам дека ќе ја оправдаме.

Продолжуваме понатаму, заедно, по патот на социјалдемократските вредности, по патот на редот, правдата и дисцилината, по патот на подобар животен стандард за сите наши граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Фрчат казни: Во месец октомври 16.801 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 121 лице за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Ужас во Скопје: Прегазил пешак, па побегнал – полицијата го најде

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК