Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Спасовски: Опозициската ВМРО ДПМНЕ има крајно неодговорен однос

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ има крајно неодговорен однос во однос на многу прашања, не само за европскиот пат на државата, туку и во борбата со ковид кризата, ниту има став за ни едно важно прашање, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за „Клик плус“ на ТВ21.

Немаа став за Преспанскиот договор, немаа јасен став зошто не го поддржуваат, ако не го поддржуваат европскиот пат, кој е алтернативниот пат, кој е начинот како ќе го решите тоа, рече Спасовски, додавајќи дека останавме куси за тие одговори на опозицијата.

Едноставно, никаде не може да најдете опозициска партија во светот која не е со позицијата во справување со ковид, со ковид не смее да има профит во ниту во бизнисот, ниту во политиката смета Спасовски, додавајќи дека на протести преку ден бараат радикални мерки, после неколку час да собираат возила, луѓе да прават протести.

Тој однос со два аршини со справување со кризата, не можам да го дефинирам, рече Спасовски.

Мицкоски е загрижен за здравјето преку ден,  за вечер да организира протести, неодговорен е за своето членство, па и ЕУ го потврди како најголем ширач и креатор на лажни вести, истакна Спасовски.

Се повикуваат на прашања што не постојат, тоа е крупната лага, велат ќе ја штитиме државата, идентитет и јазикот, а тие не се загрозени, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот систем и пропаѓање на банки, во нивно време се уништи Еуростандард која давала кредити без покритие на струмички фирми

ДЕСК

Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно во нивна одбрана, судат само по насоки на нивните наредбодавци

ДЕСК