23. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Николовски: Инвестираме во Штип и во Истокот, Николов е дел од чесната понуда на СДСМ пред граѓаните

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во вечерашното вклучување на социјалните мрежи истакна дека доктор Сашко Николов е продолжение и одлика на системот на чесна понуда на кандидати што СДСМ го нуди пред граѓаните.

Николовски потенцираше дека за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога во третата изборна единица таа партија гледала само гласачка машинерија и ги манипулирала гласачите, СДСМ за три години сериозно инвестирала во македонскиот исток.

– Во овој регион, во третата изборна единица инвестиравме во бројни капитални инвестиции. Нема регионален пат во овој регион што не го реконструираме. Два од тр автопати во државата се градат токму во оваа изборна единица. Инвестираме и во граѓаните, го ценевме трудот на земјоделците, ги зголемивме субвенциите, го ценевме трудот на работникот, се фокусиравме на зголемување на минималната плата, што е особено важно за Штип и луѓето што овде работат во конфекциите, во текстилните фабрики. Нема дилема дека ќе продолжиме така и во следниот период, да вложуваме во граѓаните од овој регион, да вложуваме во граѓаните низ целата држава, порача генералниот секретар на СДСМ Николовски.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски најави промени: По изборите ќе има нови луѓе во партијата и реконструкција на Владата

C +

329 медиуми ќе им бидат на располагање на кандидатите за рекламирање

C +

Османи: Чаир ќе стане центар на технологија, култура и младински идеи

C +