26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев: Најдобра афирмација јазикот и идентитетот ни постигнаа преку преговорите со Бугарија

„Ние мораме да грабиме напред и тоа како Македонци со македонски јазик, и тоа го правиме, ние денес сме Македонци кој што зборат македонски јазик и сме членка на НАТО, ние ќе бидеме утре Европејци, земјата ќе ни биде членка на ЕУ и ќе бидеме Македонци кои што зборат македонски јазик и таа цел ја постигаме, за разлика од сите предходни 27 години кога не сме ја постигале, во тоа време кога не сме ги постигале тие цели под голем прашалник беа нашиот идентитет и нашиот јазик отколку сега кога ги исполнуваме целите.“- изјави премиерот Зоран Заев, во Топ тема на телевизија Телма.

Практично, неговата поента е дека откако започнале решавањата на несогласувањата со соседите нашиот јазик и идентитет доживуваат афирмација, како никогаш порано.

„Денес, како никогаш порано е заштитен македонскиот јазик, македонскиот народ и нашиот македонски идентитет, и тоа се постигна доминантно низ афирмацијата на преговорите со Бугарија и денеска со личната карта која што ја имаме во ООН, па кога се зборело толку за Македонци, за македонски јазик и слично? Никогаш, и плус тоа тоа е загарантирано. Втората важна работа го дава комплетниот модалитет да разговарате за решенија кои што се решенија на проблемот, а притоа секако не ги загрозуваат институциите, оти треба да се вратите дома и да поминете низ владина процедура што и да сте договориле, низ парламент, кај претседателот на државата, па на крајот и кај народот.“- додаде Заев, зборувајќи дека државата нема друга алтернатива и мора посветено да работи на европскиот пат.