26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев кон Мицкоски: Македонија не е распарчена, од Софија се потврди дека за јазикот и идентитетот не се преговара, не го лажете народот

„Лидерот на опозицијата велеше дека за време на викендот се распарчува Македонија во Софија. Сите тие обвинувања кои што беа дадени се како да си играте играчки, а не може така да си играте со својот народ и својата нација. Продуцирате, не само омраза, туку продуцирате можни тензии, продуцирате проблеми и тоа проблеми меѓу соседите. Денеска сите видоа и се уверија дека нема разговори, не се само за македонски народ и македонски јазик, нема разговори за истории, нема разговори за наметнување на такви работи. Нема. Значи не била распарчена Македонија, немало такви работи како што обвинуваа дека Заев ја продава Македонија, тајно се преговара или слично. Денеска видоа дека стоиме комплетно зад заштита на чувствата на целиот македонски народ и мене ми е драго што зад нас стојат и другите етнички заедници, заради тоа што знаат какво свето чувство е тоа да се чувствуваш онака како што мислиш дека треба“- изјави премиерот, Зоран Заев, критикувајќи ја опозицијата дека за време на целиот процес со Бугарија измислува лажни вести, се однесува деструктивно и постојано очекува лоши вести за државата.