Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пендаровски: Мицкоски се согласи дека на земјата не ѝ е потребно членство во ЕЕЗ

Од кабинетот на претседателот Пендаровски, во врска со понудата за алтернативно членство за државите од Западниот Балкан во Европската економска зона (ЕЕЗ), денеска појаснуваат дека тоа било идеја која во Брисел циркулирала во октомври минатата година кога отварањето преговори за Македонија беше одложено заради усвојување на новата методологија.

Денеска ВМРО-ДПМНЕ реагираше и јавно запраша зошто државниот врв ја одбил ваквата понуда, но претседателот објаснува дека тој и тогаш и сега смета дека никаква алтернатива на членство не треба да се прифаќа, а како што вели, тоа на 20 октомври 2019 година било прифатено на средба меѓу претседателите на политичките партии од власта и од опозицијата.

„На средбата беше постигнат апсолутен консензус и од страна на сите лидери, вклучително и од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше поддржан ставот дека на Република Северна Македонија ѝ е потребно членство во Европската Унија, а не учество во алтернативни облици на соработка со ЕУ, затоа што на земјата покрај економска интеграција ѝ е потребна и политичка интеграција и усвојување на демократските стандарди и вредности – владеење на правото, независно судство и медиуми, човекови слободи и права. Во таа насока, сите присутни заклучија дека не треба воопшто да се размислува за алтернативи, туку земјата треба да продолжи со засилено темпо за реализирање на стратешката цел – полноправно членство во ЕУ“, се наведува во соопштението од претседателскиот кабинет.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСВРТОТ КОЈ СИТЕ ГО ОЧЕКУВАМЕ ДОАЃА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ПАДНАТ И ДО 10 СТЕПЕНИ – Метеоцентар за дождовите и грмежите и доаѓањето на посвежо време, детална прогноза

ДЕСК

Демант: Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, станува збор за вежба на МВР

ДЕСК

АПЕЛ ОД СВР СТРУМИЦА: Доколку се наоѓате во струмичката населба Софилар веднаш напуштете го тоа подрачје – настанат е пожар

ДЕСК