Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Државата им помага на компаниите со 14.500-21.700 денари месечно за плати на вработените – Почна аплицирањето за ноемвриската помош

Работодавачите од денеска поднесуваат барања за финансиска поддршка за исплата на плати за вработените за ноември годинава БФП-ИП/2 , а физичките лица кои вршат самостојна дејност поднесуваат барање за финансиски средства БФС-СВД/2.

Од Управата за јавни приходи велат дека во текот на првиот ден ја потврдиле комплетноста на барањата БФП-ИП/2 за исплата на плата за ноември на околу 5 000 работодавачи.

Барањата БФП-ИП /2 се поднесуваат преку системот Е-Даноци ( Е-ТАХ).Барањата БФС-СВД/2 се поднесуваат преку системот Е- ПДД. Овие Барања може да се поднесуваат заклучно со 10 декември 2020 година, а Управата за јавни приходи, ја потврдува комплетноста на барањето во рок од 3 дена од денот на поднесувањето.

Поддршката од државата за исплата на плати за октомври, ноември и декември годинава е предвидена со четвртиот пакет мерки за помош на стопанството поради здравствено-економската криза

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК