12 C
Скопје
22. април 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar Бизнис Во тренд...

Проверете дали сте на неа – УЈП ја објави најновата листа на должници

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.11/2020 за долгови доспеани до 31.07.2020 и неплатени до 31.10.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

– Повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
повисок од 300.000 денари за правните лица

– Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.

Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, Ве молиме да се обратите до:

надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
Царинска управа на РСМ – Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.

На Листата на должници бр.11/2020 објавени се 1.964 должници – правни лица (помалку за 40 од претходната листа) и 2.719 физички лица (повеќе за 409 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.11/2020 изнесува 9.955.597.703денари, повеќе за 262.436.188 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.758.588.674 денари (повеќе за 88.411.220денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 197.009.029денари (повеќе за 174.024.968 денари од претходната листа).

Листата може да ја погледнете тука.

Можеби ќе ве интересира

Родени милионери: Три хороскопски знаци предодредени за богатство

CENTAR MKD

Пет хороскопски знаци толку ќе се збогатат што нема да знаат што со парите

CENTAR MKD

УЈП со важна информација за граѓаните кои оствариле приход од закуп, подзакуп или капитална добивка

CENTAR MKD