Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Очајот во ВМРО-ДПМНЕ се гледа и на нивните таканаречени протести

Таканаречените протести на ВМРО-ДПМНЕ, поддржани од малубројни приврзаници на Мицкоски се доказ за очајот во кој е западната оваа партија, велат од владејачката СДСМ.

„Ова е само наводна загриженост и заработка на политички поени од страна на тие кои 11 години ја држеа земјата во заложништво, во режим, со замолчувања, медиумски мрак, упад во Собрание со обиди за убиство на пратеници, тепање студенти и бројни случаи за пресметка со неистомислениците“, се наведува во партиското соопштение.

„Бараат оставки, а избори имаше пред само 4 месеци, на кои народот му ја прати пораката на губитникиот Мицкоски, му го покажа патот, во опозиција“, додаваат од СДСМ.

Од таму велат дека ВМРО-ДПМНЕ ја манипулира јавноста.

„Никој не преговара и нема намера да преговара за идентитетот и јазикот, а нашата државност почива на делата на антифашизмот, а токму ВМРО-ДПМНЕ ги исфрли антифашистичките борци на улица, ги менуваше називите на улиците и институции, кои носеа имиња на партизани, го изгради Музејот на жртвите на комунизмот“, стои во соопштението во кое се додава дека залудни се сите протести и блокади бидејќи иднината на земјата е во евроатлантските интеграции, а на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА: Утре дожд и силен ветер, а од петок нова промена на времето – детална четиридневна прогноза

ДЕСК

СЕ ВРАЌА ПОСТУДЕНОТО ВРЕМЕ – Утре ветер над 60 километри на час, можен снег на повисоките планини

ДЕСК

Отворени Деновите на медиумска писменост 2026

ДЕСК