23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ставот на Заев е наш став и став на државата, едногласни во СДСМ

Не престануваат објавите на социјалните медиуми на државните и партиските функционери на СДСМ во знак на поддршка на премиерот Зоран Заев. Во мигови кога тој е под медиумски и јавен притисок за ставот кон Бугарија, од неговата партија стигнуваат реакции со поддршка. Ставот на Заев е став на партијата, на сите партиски органи, но тоа е и државен став, затоа што Северна Македонија има една цел, влез во Европската Унија. Потпис зад тоа дека ставот на Заев е и нивен став ставија вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Мила Царовска, Радмила Шекеринска, Бојан Маричиќ, Венко Филипче, потпретседателите на СДСМ, Коста Петров и Мухамед Зекири, пратеникот Коста Костадинов, но и многу други видни партиски функционери и членови на органите на партијата. Со тоа испратија порака дека целото раководство на партијата стои зад политиките на премиерот и на Владата.

Нивниот став е единствен дека секој има право на свое мислење, дури и кога доаѓа после години молк.

„Граѓаните и СДСМ, одамна и на време избраа европска иднина. Избраа да носат храбри и патриотски одлуки, кои конечно и практично ја движат македонската држава и целиот наш македонски народ кон исполнување на стратешките цели НАТО и ЕУ. Денеска резултатите на политиките на СДСМ и на Владата предводена од СДСМ се видливи на дело, а не само на зборови.Искажаните ставови на претседателот на партијата и премиер, Зоран Заев, се ставови на СДСМ.Овие ставови се изградени во рамки на партијата и нејзините органи, овие ставови се државни ставови и државни позиции, врз основа на довербата на граѓаните на последните избори.“ – наведуваат во постовите на социјалните мрежи, раководните лица на партијата.

Со ваквата јасна и недвосмислена политика, раководството на СДСМ испраќа обединувачка порака до сите членови на партијата, но и до сите граѓани. Тие укажуваат на истрајноста во битката за преговори со ЕУ, свесни за сите ризици кои ги носат тешките одлуки. Но, очигледно само на СДСМ му е дојдено до големи и храбри потези со кои тектонски се поместува домашната политичка сцена, а државата непредува на меѓународен план. Некои, поразени од храбрата политика на Заев и на СДСМ, се појавија со реакции, кога јавноста тоа го очекува најмалку од нив, како на пример поранешниот лидер, Бранко Црвенковски кој најави замрзнување на членството во партијата.
Нему, сите едногласно од СДСМ и јавно му порачаа дека е историја и дека членството и граѓаните ќе му судат за постапките.

„Знаат граѓаните што е вистина и кој се бори за македонската иднина, кој го заштити македонскиот идентитет во најтешките преговори во историјата на земјата. Знаат граѓаните кој носи одлуки без разлика на политичката кариера, исклучиво водејќи се од интересот на целиот наш народ и татковината. Моќта на СДСМ произлегува од секој член на СДСМ и од високата свест за одговорност и државништво на секој член на СДСМ. СДСМ и македонските граѓани избраа иднина и избраа да чекорат напред, многу одамна, а Црвенковски е историја. СДСМ била, е и ќе остане државотворна партија и својата државотворност секогаш ја зајакнувала во вакви исклучително важни моменти.“- стои во јавно искажаните ставови на раководството и на членови на органите на партијата.