Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Битиќи: Не фаворизираме никого, државата е тука за сите до последен

„Ние цело време ги следиме препораките на лекарите и според нив одлучуваме. Се додека тие не кажат дека не треба нови мерки, јас ќе останам на ставот на професионалците. Тие докажаа во овие осум месеци дека нивните препораки даваат резултат, и затоа остануваме определени да ги следиме нивните совети. Не е само кај нас ваква ситуацијата, пикот на вирусот е насекаде и се надевам наскоро ќе помине. Но, до тогаш ние мораме да го почитуваме тоа што ќе ни ги каже стручната јавност за да го намалиме ризикот по здравјето.“ изјави вицепремирот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во вестите на Сител.

Тој во владините политики не препознава фаворизирање на одреден сектор или група, туку уверува дека државата се грижи за секого подеднакво.

„Секој коментар на граѓаните е релевантен како таков, но ние не избираме само некого за помош, туку мораме да се грижиме за сите, прво за граѓаните, за здравствените работници, за стопанството, и секако почитуваме што ќе ни кажат тие здравствените работници. Ние не сакаме некому да помогнеме со тоа што ќе му нанесеме штета на другиот, затоа сме фокусирани на сите, без исклучок“- дополни Битиќи.

Можеби ќе ве интересира

Ја оставил колата пред локал со вклучен мотор – останал и без скапоценото ауди и без патните документи

ДЕСК

Средба Николоски – Улусој: Имаме потенцијал за зголемување на економската соработка со Туркије

ДЕСК

Јаневска: Исправивме голема неправда, во првото полугодие 30-тина деца на подолготрајно лекување редовно следеа настава

ДЕСК