9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Битиќи: Секоја недела имаме нови економски мерки, се адаптираме според потребите на граѓаните и лекарите

„Ако граѓаните памтат, јас сум еден од оние коишто долги години наназад укажуваше дека погрешните политики креираат сиромашни работни места, и разликата е во тоа дека ние се стремиме системски да ги решаваме проблемите, маргинализираните групи минатата година, пред година и пол им го решивме тоа што цело време го зборуваме, гарантиран е минимален приход, го зголемивме за 300%, ние знаеме дека тоа не е доволно за таа категорија луѓе, но ги вадиме полека од елементарната непогода која што им се случуваше низа години наназад, Ако памтите пред почетокот на пандемијата, кон крајот на минатата година ние донесовме мерка во која го стимулираме покачувањето на платите во стопанството со тоа што придонесите ги презеде државата, тоа е системско туркање на повисоки плати, ние во Северна Македонија ќе градиме нови работни места коишто се повисоко платени, затоа што тие плати треба да бидат достоинствени на животот на секој еден граѓанин“- објасни Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања, во вестите на Сител, додека илустрираше како владините економски тимови суштински се навлезени во проблемите и сакаат нивно целосно решавање.

Во однос на буџетот, тој посочи дека очекува да се соберат сите предвидени даноци, но тешко е да се проектираат посуштински параметри затоа што не може да се предвиди нешто кога сме во непредвидлива ситуација.

„Црните сценарија за македонската економија се непотребни во овој момент. За мене црно сценарио е што ми се случило денеска или што се случува од март до денеска. Како што региравме на почетокот, така реагираме и сега. Следиме постојано и се адпатираме. На секоја владина седница имаме дополнителни одлуки за нови мерки за групи граѓани, други типови компании што не сме ги опфатиле претходно и слични ситуации. Увидовме дека сега е моментот да им помогнеме на сите и тоа ќе го правиме и во следниот период“- порача Битиќи.

Спонзорирано: