Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Во тек владина седница

Владата денеска со почеток во 12:00 часот онлајн ја почна редовната 24-та седница.

Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на седницата, меѓу повеќето точки од својата програма за работа и од интерес за граѓаните, Владата на дневен ред за разгледување ги има Предлог-законот за Агенцијата за разузнавање, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот, како и Предлог-законот за дополнување на Законот за трговија.

-За разгледување, на денешната Владина седница е и Информацијата за текот на преговори за пристапување кон Спогодбата на Светската трговска организација за јавни набавки. За одлуките и заклучоците донесени на денешната 24-та седница на Владата, ќе информираме со соопштение по нејзиното завршување, велат од Владата.

Можеби ќе ве интересира

Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото

ДЕСК

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК