Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тетовец скокнал во Вардар и спасил 81-годишен маж

Драма со среќен крај се одвивала вчера на подрачјето на општина Аеродорм, кога од водите на реката Вардар бил спасен Б.М.(81) од Скопје.

Дваесет и седумгодишен градежник од Тетово го забележал мажот во реката, по што скокнал и го извадил, велат од полицијата.

На местото на настанот стигнала Итната медицинска помош која констатирала дека скопјанецот е во добра состојба.

Тој бил вратен дома, а неговата снаа пред полицијата објаснила дека свекорот има здравствени проблеми. Домот го напуштил без знаење на семејството.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК