10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Рекордни 1298 пациенти со коронавирус се лекуваат во болниците низ Македонија

Во изминатите 24 часа во КОВИД-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 824 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 42 пациенти, во Велес се лекуваат 67 болни, а во Куманово 108 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 107, во ковид центарот во Гостивар 48, а во Струга 31 болен. Во болницата во Струмица лежат 89 пацинети, во Кочани 25, во Кичево 18, Кавадарци 40, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1298 и има околу 130 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Според Министерството за здравство, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

-И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, се наведува во соопштението.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T