25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Поларен бран доаѓа на Балканот: Температурите се спуштаат под -10 степени

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и засилен северен ветер. Во текот на ноќта облачноста од север ќе се зголемува, а ветерот дополнително ќе засили. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Во Скопје сончево со мала, а кон крајот на денот со значителна облачност. Попладне ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе достигне 12 степени.

Какво ќе биде времето следните денови?

Утре (21.11.2020) ќе биде променливо облачно и студено со силен северен ветер. На планините во северните и западните делови ќе има услови за провејување на снег.

Под влијание на продор на студена воздушна маса во сабота ќе дува силен северен ветер, а на планините во северните и западните делови ќе има услови за провејување на снег.

Дневната температура осетно ќе се намали. Од недела продолжува стабилното време со значително пониски утрински температури, кои во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под -5 степени.

Прогноза за 21.11.2020
Минимална температура: -9°C до -1°C
Максимална температура: 3°C до 12°C
Претпладне променливо облачно и студено, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб претежно северен ветер.

Прогноза за 22.11.2020
Минимална температура: -13°C до -4°C
Максимална температура: 4°C до 15°C
Утрото многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер.

Прогноза за 23.11.2020
Минимална температура: -9°C до 0°C
Максимална температура: 9°C до 16°C
Сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер.