22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Димитров: Нашиот став за македонскиот јазик и идентитет нема да се смени ниту после 8, ниту после 80 години

„Јас сметам дека не може да има пријателство без елементарна почит. Ставот за овие прашања нема да се смени ниту до декември, нашиот став по овие елементарни прашања нема да се смени ниту идната година, ниту за 7-8 години, ниту за 70 -80 години. Ние сега треба да бидеме уште повеќе возрасни за да не дадеме, бидејќи ние сме надвор од ЕУ, ние сме земја кандидат, да не олеснуваме лоша политика кон нас со невозрасни изјави, невозрасни изјави од нас во моментот ќе помогнат да имаме уште потешка работа и уште повеќе предизвици“- изјави вицепремиерот Никола Димитров во „Топ тема“ на Телма.

Димитров уште еднаш ги повтори македонските позиции дека нема да дозволи друга држава да и се меша во внатрешните работи.

„Ние не можеме да бидеме одговорни за друга држава, ние можеме да бидеме одговорни за тоа ние што го правиме и како држава, и како влада, како јавност, како народ. Тоа што Бугарија го прави за тоа си е одговорна и зад тоа стои официјална Софија. Што ние славиме е наша работа, тоа е мешање во внатрешните работи. Каков јазик ние зборуваме е наша работа. Ако некој ни се меша во тоа или ни го предизвикува тоа, тоа е мешање во нашите внатрешни работи. Каков идентитет ние имаме, тоа е наша работа. Ние не се мешаме во идентитетот на било кого во соседството и пошироко. Не не се мешаме во тоа како соседите гледаат во сопствената историја, тоа е нивна работа“- коментираше Димитров.

Тој откри дека во текот на разоворите бугарските власти имале навредувачки тонови кон македонскиот народ, на што Димитров морал да реагира.

„Не постојат природни нации на светот, затоа што поимот нација не е врзан со крвта и со ДНК, туку е врзан со еден историски процес што создава чувства на заедништво, поврзан со јазик, со култура. Сите нации се општествени конструкции, сите до една во светот се општествени конструкции…Имаше еден таков испад во еден од овие разговори и јас токму тоа го укажав „дека ова е навредливо за мојот народ.“ Не може да се каже таканаречен, измислен, дека е тоа навредливо, дека тоа не е добрососедски чин, и дека не е инвестиција во добрососедство“- изјави Димотров.

Можеби ќе ве интересира

Средба на премиерот Заев со специјалниот претставник на ЕУ, Лајчак: Поддршка од ЕУ за натамошен напредок на земјава во духот на европските вредности

CENTAR MKD

Димитров: ЕУ не ја заслужува придавката европска ако дозволи македонскиот јазик да биде пречка за нашата интеграција

CENTAR MKD

(Видео) Димитров: Како што се борев за нашата европска иднина, така сега ќе се борам за правна држава

CENTAR MKD

(Фото) Димитров стапна на “Маркова нога”

CENTAR MKD

ВО ЖИВО: Интервју со Никола Димитров – тема и актуелната новонастаната ситуација со коронавирусот

CENTAR MKD