Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Каква брука и незнаење на очајното ВМРО-ДПМНЕ, ефикасноста на МВР денеска ја видовме на дело

Каква брука и незнаење на очајното ВМРО-ДПМНЕ, ефикасноста на МВР денеска ја видовме на дело, се вели во писмена реакција на СДСМ на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, која ја објавуваме интегрално во продолжение

Таман помисливме дека ВМРО-ДПМНЕ го допрела дното и не може да падне пониско денеска нова брука, ново незнење од оваа очајна партија.
Ниту некој му избегал на МВР ниту она што го наведува ВМРО-ДПМНЕ има врска со реалноста.

Осамен во белиот дворец, губнитикот Мицкоски не може да ја види реалноста.

МВР денеска експресно пронајде лице и го спроведе на издржување мерка притвор, откако претходно од надлежна институција добило известување дека го нема во судот.

Тоа е демонстрација на ефикасноста на МВР на дело.

Законско постапување и ефикасност се непознати теми за ВМРО-ДПМНЕ.

Разбираме дека ВМРО-ДПМНЕ има проблем со засиленото спроведување на правдата но, нека се навикнат, почитување на законите, ред, правда и дициплина мора да има, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: ЕУ ја предупредува Македонија за влијанијата на Русија и СНС

ДЕСК

Мицкоски: Зголемен е процентот на странските инвеститори кои се задоволни од бизнис климата во државата и подготвени се да ја прошират својата инвестиција

ДЕСК

Мицкоски: Владата останува да фокусира на вистинска потреба на граѓаните и државата, изјавите на СДСМ за мигрантите се дифузни

ДЕСК