Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Расте бројот на лица на респиратор, болниците забрзано се полнат со случаи на ковид

Во Инфективната клиника примен се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 155 пациенти. На кислородна поддршка се 134 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 деца позитивни и 3 суспектни на Ковид-19 и 27 возрасни пациенти позитивни и суспектни на вирусот.

фото bolnica.org.mk / Официјален веб сајт на Градска болница 8-ми септември

Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 7 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 56 пациенти, на клиниката за неврологија 21 пациент, на кожната клиника 23 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 80, а во болницата во Штип се 60 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 534 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Можеби ќе ве интересира

ТЕМПЕРАТУРИТЕ СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ЌЕ СКОКНАТ И ДО 34°C, НАЈАВЕНО Е И НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните денови

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО СКОПЈЕ: Заталкано зрно оштетило предмет во двор

ДЕСК

МАЈКА ПРИЈАВИЛА НАПАД ВРЗ СВОЈОТ СИН: Инцидент на игралиште во штипско

ДЕСК