10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Карантин во Македонија, ако се исполнат болничките капацитет – Короната коси на Балканот

Бројките на новодијагностицирани позитивни на коронавирусот не се намалуваат. Вчерашниот биланс од 978 нови случаи при 2.667 тестирања, следи по неколку слични биланси во кои над 30 отсто од тестираните се позитивни, или секој трет, анализира Дојче Веле на Македонски

– Загриженоста особено расте по вчерашниот црн рекорд од 26 починати за еден ден, бројка која за првпат е поголема од бројката на оздравени – 24. Граѓани прашуваат: каде ќе не одведат ваквите бројки, и кога ќе биде воведен карантин доколку дел од граѓаните и натаму се однесуваат неодговорно, непочитувајќи ги мерките за заштита?

„Ставот на Комисијата за заразни болести е дека треба да се даде можност сегашните мерки да дадат резултати. Карантинот е крајна опција ако мерките не вродат со плод и ако се преполнат болничките капацитети“, вели епидемиологот Александар Стојанов, член на Комисијата за Дојче Веле.

Инаку Македонија веќе цела недела бележи двоцифрен бројна смртни случаи, а вчера беа регистрирани дури 26.

Исто таа се бележат и рекордни бројки на новозаразени, па така бројката се движи од 1000 до 1200 лица дневно.

Ништо не е различно ниту кај соседите. Вирусот опасно заигра и во Бугарија и Грција, каде се бележат илјадници новозаразени дневно, а и таму бројките на починати се двоцифрени.

Високи бројки кои почнуваат од 1000 до над 2000 заразени дневно секојдневно се регистрираат и во Србија, Хрватска, Словенија…

Додека во Албанија бројките се по-умерени, но поради помалиот број на тестови.

Инаку вчера се огласи и министерот за здравство Венко Филипче со видео порака во која порача дека состојбата со Ковид-19 критична, и дека сега ни е потребна поддршка повеќе од било кога во изминатите осум месеци.

Практично Филипче, во видео обраќањето до граѓаните, истакна дека состојбата со Ковид-19 е критична, а болнииците веќе ги полнат сите капацитети и дека пред нас е најтешкиот период од почетокот на пандемијата.

-Пред нас е веројатно најтешкиот период на справување со пандемијата. Барам сите да бидеме максимално одговорни и свесни за сериозноста на состојбата. Вирусот е широко проширен. Секое најмало невнимание или непочитување на мерките за заштита може да значи инфекција. Сега ни е потребна поддршка повеќе од било кога во изминатите осум месеци. Тоа што го бараме како здравствени работници е навистина малку – само да го штитите сопственото здравје, рече министерот Филипче.

Тој потенцираше дека сите ние жртвуваме нешто во нашите животи оваа година.

-За некои од нас жртвата значеше помалку финансии, загубена работа, неможност да се видиме со нашите блиски. За други тоа значеше месеци и месеци непрекината работа без одмор. За трети пак таа жртва значеше загубено здравје или загубен живот. Колку доследно ќе ги почитуваме мерките за заштита ќе биде одлучувачки за тоа колку дополнително ќе се жртвуваме до крајот на пандемијата. Секој за себе ќе реши дали неговата жртва ќе е носењето маска, негрупирањето, држењето дистанца, или пак жртвата ќе значи продолжување на здравствената и економска несигурност.

Порачува дека изборот е тој, а моќта за промена на работите е кај секој од нас.

-Почитувајте ги мерките доследно. Носењето маска и држењето дистанца се многу мала жртва во споредба со се друго, посочи Филипче во видео обраќањето до граѓаните.

Тој претходно преку Фејсбук апелираше славите и празниците кои се пред нас, оваа година да ги прославиме само со најблиските и да нема групирања по домовите за да сеспречи натамошно ширење на заразата со Ковид-19.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во државава достигна 14 661 (без вчерашните резултати), откако завчера беа регистрирани уште 1 285, а вчера речиси 1000. Ширум клиниките и болниците до завчера беа хоспитализирани над 900 лица. Поради се поголемиот број заразени на кои им е потребна хоспитализација и преполнетост на болничките капацитети, од вчера за третман на пациентите се на располагање и интерните клиники на Клиничкиот центар. На Клиниката за пулмологија и алергологија на располагање се 150 болнички кревети за лекување пациенти заразени со коронавирусот.

Од почетокот на епидемијата, без вчерашните и денешните бројки знесува ковид случаи, бројката на оздравени пациенти е 23011, а на починати беше 1110.

Спонзорирано: