Христијан Мицкоски очајно се обидува да и се наметне на јавноста како најголем заштитник на здравјето на граѓаните. Но тоа го прави само декларативно, со изјавите и видео спотовите кои ВМРО ДПМНЕ ги пласира. Во пркасата, Мицкоски и неговата партија се далеку од тоа за што се претставуваат. Тој води некрофилска кампања и како да се сити на бројките на починатите и заразените граѓани. Неговиот придонес во јавното здравје во време на пандемија е само броењето на жртвите, кои потоа ги користи за лична промоција и како аргумент дека само тој се грижи за граѓаните, иако неговите постапки се сосема спротивни.
Тој сака да обвинува дека функционерите на власта биле привилегирани и го злоупотребувале јавното здравство, но заборава да напомене дека голем дел од функционерите на СДСМ ги користат услугите на тоа јавно здравство, за разлика од него, кога ги смести родителите во приватната болница Систина, кога беа заразени со корона вирусот. Исто како Мицкоски не сака да се соочи со фактот дека толкави се перформансите на здравствениот државен систем, лимитиран број инфектолози и епидемиолози, како и ограничен број медицински сестри и технички персонал.
А зошто е тоа така? Затоа што ВМРО ДПМНЕ во своите 11 години владеење воопшто не водеше грижа за унапредување на јавното здравство и подобрување на условите за пациентите. Наместо да се опремуваат болниците и да им се зголемуваат платите на медицинските работници, власта на Никола Груевски трошеше непродуктивно, преку споменици, фасади до милионски бродови на Вардар. Со таквата негрижа ВМРО ДПМНЕ примора стотици лекари и медицински кадар да заминат во странство на работа.
Практично, ваквиот здравствен систем СДСМ го наследи и во изминатите три години, од кои последната целосно е посветена на пандемијата со Ковид 19, направи неколку крупни чекори, пред се платите ги зголеми за високи 40 отсто, но започна и со опремување и реконструкција на болниците. И во една ситуација кога светот води битка со вирусот, наместо опозицијата да учевствува во процесот за справување со здравствената криза, таа упорно критикува без аргументи, во обид да извлече ситни политички поени.
Мицкоски осум месеци ги критикува владините политики, а самиот тој е промотор за непочитување на мерките за заштита на здравјето Со кое право зборува за ефектите од мерките кога тој за време на пандемија одеше во теретана, иако таквите објекти имаа забрана за работа. Исто како што рестораните имаа забрана да примаат гости во затворениот дел од локалот, но и тоа за Мицкоски не беше проблем да ужива со друштвото во забранетиот простор. Дури и да се спротивстави на пазарните инспектори да извршат контрола и да изречат казни.
Да потсетиме дека Мицкоски за време за целата криза ги плаши граѓаните дека јавното здравство нема тестови, иако државата во ниту еден момент не остана без нив. Тестирањата се вршат секојдневно и тоа по неколку илјади на ден. Сега под закрила на тоа дека е опасно да има избори, Мицкоски избега од соочување на локалните избори во Штип, иако позадината му е сосема друга – свесен е за поразот кој уште повеќе ќе ја загрози неговата лидерска функција. Оттаму, ако некој нема право да зборува за јавното здравје и за привилегирани пациенти, тоа е Мицкоски.
Ј.С.