Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Променливо време со максимална температура до 21 степен

Денеска претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, кои во текот на денот ќе се намалуваат, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во останатите подрачја времето ќе биде претежно сончево, а минималната температура ќе движи во интервал од -3 до 7, додека максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје, претпладне со појава на ниска облачност и услови за утринска магла. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 Целзиусови степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со слаб ветер што ќе услови по котлините да има појава на магла и ниска облачност, особено во ноќните и претпладневните часови.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК