Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Д-р Сашко Николов “распали” по ВМРО ДПМНЕ – Апсурдно е да организираш протести, масовни собири, деструктивно да ја кочиш набавката на опрема за ковид амбуланти.

Фејсбук статус на Д-р Сашко Николов, кандидат за градоначалник на Штип:

Што е апсурд?

Да организираш протести, масовни собири, деструктивно да ја кочиш набавката на опрема за ковид амбуланти.

Апсурд е колективното, константно прекршување на здравствените протоколи и мерки од страна на ВМРО – ДПМНЕ.

Апсурдно е и тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ, дека јас, како стручно лице, здравствен работник, не се грижам за здравјето на граѓаните. И денес, како пратеник и како кандидат за Градоначалник, редовно ординирам во кардиолошкото одделение во КБ Штип. Целото мое слободно време го користам да помогнам и да дадам допринос во здравствениот систем, а со тоа да помогнам на сите граѓани и здравствени работници, во справување со оваа пандемија.

Како здравствен работник цврсто стојам позади тоа дека локалните избори во Штип, ќе се изведат со целосно почитување на мерките и здравствените протоколи и дека секој ќе може безбедно да го оствари правото на глас.

Додека опозицијата се занимава со празни и бледи пресови, јас, моето слободно време го користам да спасам човечки живот…
КАРДИОЛОГИЈА:

Нашата штипјанка, со стегливи болки во градите, при помал напор, вчера, после собраниска седница, си дојдов во Штип, ја прегледав и закажав селективна коронарографија, каде денеска поставивме стент на левата коронарна артерија,каде после интервенцијата се упатив во македонското собрание.

Кога се сака, се има време за се.

Ваш
Д-р Сашко Николов

Можеби ќе ве интересира

Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

ДЕСК

Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, продолжуваме да вложуваме во образованието

ДЕСК

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени

ДЕСК