16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ преку нивниот Вело Марковски шират лажни вести дека коронавирусот не опасен

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на корона-кризата се на погрешната страната, против јавното здравје, против институциите кои се борат со вирусот, против докторите и медицинските сестри и се обидуваат да го поткопаат здравствениот систем, велат од СДСМ.

„Додека сите се посветени во борбата со пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ преку нивниот Вело Марковски шири лажни вести и ставови дека коронавирусот не опасен, дека не треба да се носат заштитни маски, што внесува заблуда меѓу граѓаните и наштетува на јавното здравје. Кадарот на Мицкоски во техничката Влада го кочеше заемот од Светска банка, со чии средства требаше да се опремат ковид-болници. Да не беа таквите блокади, сега во државата веќе ќе имаше опремени нови 16 ковид-болници, уште поподготвени за есенскиот бран на коронавирусот“, се наведува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ, во Собранието го кочеше и Законот за заштита на населението од заразни болести, условувајќи го со формирање на некаква паралелна комисија за заразни болести.

„Свесни дека Министерството за здравство добро ја менаџира кризата, наместо да помогнат, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават сè за да одмагаат. Мицкоски треба да престане да им штети на граѓаните. Не треба да го загрозува здравјето на граѓаните само за да ја сочува партиската фотелја во белиот дворец. Граѓаните знаат дека на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ воопшто не им важно јавното здравје, затоа на избори ги казнија овие негови штетни делувања. Затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција“, велат од СДСМ.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

(Видео) Марковски: Имаме најголема смртност во светот на милион жители од Ковид-19

CENTAR MKD

Марковски: СЗО ја направи паниката за коронавирусот

CENTAR MKD