25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Разменивме информации со канцеларот Себастијан Курц, изразивме сочувство, тероризмот бара заедничко делување

„Уште синоќа се обратив до нашиот голем пријател канцеларот Себастијан Курц да изразиме сочуство до семејствата, до австриската држава, разговаравме во делот на тоа да се понудиме за помош.Прво, нашите служби безбедносни работат иако Австрија не е членка на НАТО но е една од европските земји со која што имаме одлична соработка, секако добив одговор дека почитува тоа што изразивме поддршка, споделивме сочувство како службите даваат потреба, тие се подготвени да се обратат. Тоа е е израз на пријателство и верувам дека секако ќе се најде, на нас кога ни било тешко и сме поминувале низ лоши периоди, секогаш пријателите ни биле добредојдени.“, рече премиерот Заев во денешното гостување на Сител телевизија.

Заев потсети на успениште акции во земјава.

„Ние имавме една успешна акција пред некој месец, каде што луѓе кои што биле од келија 1, келија 2, 3 процесите, тоа се повратници биле осудени, излегле од затвор и продолжиле со такви активности тоа само по себе ја афирмира потребата од програми за рехабилитација и ангажман на такви луѓе затоа што дефинитивно издржувањето на казната затвор не го променила начинот на нивното однесување. Па беа документирани со докази, аргументи, факти една група која што имаше дури и самоубивстени панцири со куглици внатре за евентуални напади. Сето тоа кажува дека ниту ние како Северна Македонија ниту Австрија ниту било кој од светот не е имун на оваа работа, соработките мора да продолжа токму во таа борба против тероризмот и слично.“ додаде Заев.