Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Во Скопје казнети 257 возачи, од кои 34 за неносење маска

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на Град Скопје изречени се вкупно 257 мерки, меѓу кои 38 за возење без возачка дозвола, 29 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 11 санкции за управување под дејство на алкохол и 34 за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВРАЌА ЗИМАТА, ДОЖД И СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК

Во следните денови заладување и врнежи од дожд и од снег

C +

Муцунски разговараше со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија: потврдени одличните билатерални односи

C +