Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Директорот на Државниот пазарен инспекторат позитивен на Kовид-19

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, објави дека е позитивен на коронавирус.

„Би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките уште од самиот почеток, вечерва добив позитивен резултат за Kовид-19. Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Посакувам брзо оздравување на сите заболени граѓани и негативен тест на сите кои се во самоизолација. Чувајте се”, објави Пауновски на „Фејсбук“.

Можеби ќе ве интересира

Зимата се враќа, снег ќе трупа во делови од Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Вработен во РЕК Осломеј пријавил дека има бомба во кругот на комбинатот и си заминал од работа

ДЕСК

Тешко повреден 33 годишен скопјанец на работно место во фабрика

ДЕСК