Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешко повреден 33 годишен скопјанец на работно место во фабрика

На 17.03.2026 во 13:18 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен К.П.(33) од Скопје.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фабрика во с.Кадино, општина Илинден.

Известен е Државниот трудов инспекторат и се работи на расчистување на случајот.